29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја е рај за пензионери?

Која земја е рај за пензионери?

penzioneri1

Земјата која е најдобра за живот на пензионери е Норвешка, потоа следи Швајцарија, а на третото место е Луксембург, покажуваа листата на француската банка „Natixis Global Management“.

На оваа листа се најдоа 150 земји, а рангирањето се базира според квалитетот на здравствената заштита, финансиската ситуација и квалитетот на живот на постарата популација.

Меѓутоа, при составувањето на листата не бил земен во предвид бројот на сончевите денови, ниту локалната кујна, фактори кои не се занемеруваат кога станува збор за иделната земја за живот на пензионерите.

На четвртата позиција се наоѓа Шведска, на петтата Австрија, а на шестата Финска. Холандија е на седмото место, потоа следат Данска, Германија и Франција.

Австралија е на единаесетото место а потоа следат Израел, Канада, Белгија и Јапонија. Словенија е на шеснаесетата позиција, а зад неа се Чешка, Словачка, САД и Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП