28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродлабочена кризата во производствениот сектор во еврозоната

Продлабочена кризата во производствениот сектор во еврозоната

evrio1

Кризата во производствениот сектор во еврозоната дополнително е продлабочена во март, покажуваат податоците од истражувањето кое беше објавено денес.

Индексот за управување со набавка (ПМИ) за производствениот сектор во еврозоната, кој го изработува лондонската компанија Маркит, опадна во март на 46,8 поени, што е повеќе во споредба со првичните проценки од 46,6 поени, но тој е под 47,9 поени кои беа забележани во февруари, пренесува агенцијата АФП.

Просечниот ПМИ на еврозоната за три месеци заклучно со март е 47,5 поени, што според Маркит е најдобриот резултат кој е забележан од првиот квартал од 2012 година. Меѓутоа, најновите податоци покажуваат на очиглено влошување во еврозоната.

ПМИ на Германија се намали на 49 поени, Италија на 44,5 поени, Шпанија на 44,2, додека ПМИ на Франција, од претходната состојба  се зголеми на 44 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП