20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредит од 10 милијарди евра со рок од 20 години за Кипар

Кредит од 10 милијарди евра со рок од 20 години за Кипар

kipar1

Кипарската телевизија Сигма денеска објави дека Кипар ќе добие кредит од 10 милијарди евра со годишна камата од 2,5 до 2,7 проценти.

Одлуката е донесена откако кипарската Влада потпиша со мисијата на тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) меморандум за доделување на антикризна помош.

Првата транша од кредитот се очекува во мај, а потоа средствата ќе бидат доделувани секои три месеци до 2016 година.

Според договорот, меѓународните кредитори секој три месеци ќе ги проверуваат буџетските доходи и расходи на Кипар. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП