25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПогрешна проценка – турската економија забележа раст од само 2,2 %

Погрешна проценка – турската економија забележа раст од само 2,2 %

turcija1

Турската економија во изминатата година забележа раст од само 2,2 проценти, објави државниот институт за статистика, пресметувајќи ја годината која се карактеризираше со намалување на активностите во деловниот сектор.

Во последните три месеци од минатата година економијата забележала раст само од 1,4 проценти, продолжувајќи го трендот на забавување на растот, така што во првиот квартал активностите се зголемија за 3,3 проценти, во вториот квартал за 2,9 проценти, а во третиот за 1,6 проценти, покажуваат објавените податоци од статистичкиот институт.

Владата во првата проценка за минатата година прогнозираше раст за 4,0 проценти, а потоа таа проценка ја намали на 3,2 проценти поради слабата меѓународна економска средина.

Турскиот БДП по глава на жител изнесувал 10,504 долари (8,204 евра), што значи дека е зголемен за 60 евра.

Во 2010 година турската економија се зголеми за рекордни 8,9 проценти, а во 2011 растот се стабилизираше на високото ниво од 8,8 проценти, благодарение пред се на големата домашна побарувачка.

Трговскиот дефицит во 2012 година беше намален за 20,7 проценти во споредба со забележаното ниво од 2011 година и изнесуваше 84 милијарди долари, благодарение на зголемениот извоз за 13,1 проценти.

Турција во овој момент е 17-та економија по големина во светот.

Според зборовите на министерот Зафер Чаглајан, растот во оваа година би требало да зајакне, наша цел е до 2023 година да бидеме меѓу 10-те најголеми економии во светот, вели Чаглајан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП