19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски по средбата со Бајден: САД се стратешки партнер на Македонија

Груевски по средбата со Бајден: САД се стратешки партнер на Македонија

gruevski-bajden

Соединетите држави остануваат стратешки партнер кои со Македонија имаат потпишано Декларација за стратешко партнерство во 2008 година изјави премиерот Никола Груевски доцна ноќта во понеделникот по македонско време по средбата во Вашингтон со американскиот потпретседател Џозеф Бајден, на којашто било разговарано за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка меѓу двете земји, како и за членството на Македонија во Европската унија и во НАТО.

„Со господин Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање (во 2011 година – з.р.) досега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи, и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано Декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период“, изјави за новинарите Груевски по средбата со американскиот потпретседател.

Истакна дека на средбата било разговарано за повеќе теми. „Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економската соработка, за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската унија“, рече Груевски.

Потенцираше дека и во иднина ќе продолжи соработката со САД, особено во однос на зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ, бидејќи „нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за земјата во иднина“.

Претходно во понеделникот во рамките на еднодневната посета на САД, Груевски во Вашингтон се сретна со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, како и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП