16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија од ЕУ бара продолжување на роковите

Шпанија од ЕУ бара продолжување на роковите

Spain1

Шпанија во текот на наредната недела ќе ги намали своите предвидувања за економскиот раст за оваа година и од ЕУ ќе побара дополнително време за намалување на буџетскиот дефицит, бидејќи рецесијата е подлабока од тоа што претходно се очекуваше.

Ројтерс објавува дека во предвидувањата ќе се наведе дека шпанскиот бруто домашен производ ќе биде намален за еден а не за  0,5 проценти.

Шпанија е во преговори со Европската комисија за дополнителното време за намалувањето на буџетскиот дефицит под границата од три проценти и очекува дека тоа ќе го направи до 2014 година.

„Шпанија ќе ја зголеми целната граница за дефицитот во оваа година на шест проценти, од претходните 4,5 проценти. Бројките за економскиот раст и дефицитот сеуште можат да се променат, зависно од исходот од разговорот со Европската комисија“, пренесуваат стрнските медиуми.

Во предлог-буџетот за 2013 година шпанската влада наведе дека економијата ќе биде намалена за 0,5 проценти, стапката на невработеност ќе изнесува 23,3 проценти, а дефицитот 4,5 проценти.

Аналитичарите и меѓународната организација оценија дека овие предвидувања се оптимистични.

Европската комисија за Шпанија во 2013 година предвидува економски пад од 1,4 проценти, стапка на невработеност од 26,9 проценти и дефицит од 6,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП