28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската влада ќе им помогне на компаниите во Кипар, но не и...

Руската влада ќе им помогне на компаниите во Кипар, но не и на поединците

rusija4

Руската влада ќе им помогне на руските компании кои работат во Кипар, ако тие побараат помош од неа. Но, на руските граѓани кои имаат сметки во Кипар, не е подготвена да им помогне.

Тоа се различни парични средства, појасни вицепремиерот на руската влада Игор Шувалов. Русија не може да им помогне на поединците кои имаат сметки во Кипар, тоа би бил огромен товар за неа, потенцираше тој.

„Тажно е ако некој е изложен на ризик и ако ги загуби парите во кипарски банки, но руската влада не може ништо да направи во оваа ситуација“, изјави Шувалов.

Доколку некоја компанија забележи сериозни загуби, особено ако станува збор за компании со државно учество, Русија е подготвена да ја разреши ситуацијата, но не смета дека е нејзина обврска да му помага на Кипар, додаде Шувалов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП