25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Панделе Панделески - извршен директор на Млекара Здравје Радово

Интервју со Панделе Панделески – извршен директор на Млекара Здравје Радово

aaa

Денар: Господине Панделески на кој начин успевате да одговорите на деловните предизвици поставени пред вас?

Во услови на турбулентно опкружување, еден од најважните фактори за успех и одговор на предизвиците е навремената антиципација на промените. Ние се трудиме да ги предвидиме промените кои се случуваат во нашето поблиско и подалечно опкружување и врз основа на тоа ја градиме нашата стратегија за настап на пазарот.

 

Денар: Млекара Здравје Радово е горд носител на епитетот Супер бренд во млечната индустрија четири години по ред, колкава е одговорноста да се задржи овој епитет?

Одговорноста е секако голема и свесни сме дека од нас во идина се очекува да го подигнеме квалитетот на нашето работење на уште повисоко ниво.

Отпочнувањето со работа на новиот производствен погон во Битола, лансирањето на нови линии на производи и отворањето на нови извозни пазари се само потврда на горенаведеното.

 

Денар: Од 8 вработени на почетокот до 340 вработени денес, кој е заслужен за постојатниот раст и развој?

Секако дека најголема заслуга има менаџерскиот тим кој преку макотрпна работа низ годините успеал да изгради препознатлив бренд на нашиот пазар. Неколку атрибути се најважни за градење на брендот. Висок и постојан квалитет на производите на Здравје Радово, избалансирана политика на цени која на нашите потрошувачи им дава соодветна вредност за купените производи, постојани вложувања во маркетинг на сите нивоа, навремена дистрибуција и соодветно позиционирање на производите во малопродажните објекти.

 

Денар: Кој производ од палетата на Здравје Радово е најдобро прифатен на пазарот, односно со кој производ бележите најголеми успеси?

Апсолутни пазарни лидери  сме во тврдата млечна програма, поточно во категоријата бели сирења имаме над 60% пазарно учество, додека во категоријата кашкавали над 40% пазарно учество. Нашата иновација мешано сирење (комбинација од кравјо и овчо сирење) е нашиот најпродаван SKU. Во последните 2-3 години значително го проширивме нашиот асортиман и ги покриваме скоро сите познати категории на производи од млечната индустрија.

Од лансирањето на кисело млечната програма (јогурти, кисели млека, павлака) бележиме континуиран раст, нашите естимации се дека годинава ќе ја завршиме со пораст од околу 15%.

Со брендот Маза сме присутни во категоријата намази, додека на почеток на годинава успешно лансиравме производ во категоријата десерти (сутлијаш).

Со отворање на новиот погон во Битола, имаме големи очекувања за 2016 година за УХТ млеко со капаче и свежо млеко.

 

Денар: Велите денешниот капацитет на дневна обработка на млеко изнесува над 100.000 литри, кон колкава бројка целите во блиска иднина?

Капацитетите на дневна обработка изнесуваат над 200.000 литри, додека моментално обработуваме околу 100.000 литри сурово млеко.

Имајќи ги во предвид плановите на нашите фармери/кооперанти очекуваме пораст на количините на сурово млеко од околу 20% во 2016 година.

 

Денар: Неодамна пласиравте нов производ – Здравје+. Колкав период ви беше потребен за креирањето на Здравје + – јогуртот кој раздвижува? Колку труд и работа вложивте во него?

На Здравје + јогуртот нашиот тим од технолози и маркетери работеше скоро две години. Во производоот е вградено целото стекнатото знаење и искуство на нашите технолози надополнето со know-how од надворешни консултанти.

Производот доживеа неколку модификации во процесот на подготовка и мислиме дека на крај добивме висококвалитетен производ со врвен дизајн кој во иднина ќе стане еден од столбовите на кој ќе се темели нашиот иден развој.

12309428_10206752307861198_1996720650_n-433x650

Денар: Сигурно веќе ги слушнавте првите реакции од клиентите, што велат тие, како го прифатија Здравје +?

Лансирањето на Здравје + јогуртот се случи на крај на месец Ноември.

Веќе месец дена сме во интензивна маркетинг кампања на сите нивоа со цел запознавање на потрошувачите со производот и неговите карактеристики и бенефитот од конзумирање на функционалниот јогурт.

Првичните реакции и резултатите од лансирањето се повеќе од задоволителни и значително ги надминаа нашите очекувања.

Голем дел од консументите кои го пробаа јогуртот се многу задоволни од неговиот квалитет  и дел од нив веќе станаа наши постојани потрошувачи.

 

Денар: Станавте вистински промотори на здравјето и здравиот начин на живот, како и креатори на здрави вкусови, кои се вашите следни чекори во оваа насока?

Новата линија на функционални производи всушност представува продолжување на приказната за промовирање на здрава исхрана и здрав начин на живот.

Тукушто ја надоградивме функционалната линија на кисело млечни производи со нов член.

Станува збор за функционално кисело млеко.

 

Денар: Најавивте нов, четврти капацитет, нова модерна фабрика која ќе биде лоцирана во Битола, колкав залак е ова за водечкиот тим на Здравје Радово?

Новиот погон во Битола го градиме по сите европски стандарди и во истиот долгорочно сметаме да релоцираме дел од нашето постојно производно портфолио како и да воведеме нови производи наменети за домашниот а во најголем дел за извозни пазари.

Ова ќе биде наш најголем производствен капацитет од кој што на крајот на годината веќе излегоа првите производи.

На полиците на маркетите веќе може да се најдат редизајнираното УХТ млеко со капаче и свежо млеко.

 

Денар: Најавивте и нови вработувања, колку нови лица ќе имаат можност да се вработат кај вас?

Моментално се вработени 7 нови лица, а со оглед  дека објектот се гради во фази, планираме во следните 2 години да достигнеме бројка од 50-тина нововработени лица.

 

Денар: Добивте можност за извоз на рускиот пазар, дали сте задоволни од побарувачката од руските консументи?

Побарувачката е сосем задоволителна, наши тимови во неколку наврати направија посети на рускиот пазар со цел да ги проучат спецификите на истиот.

Во првиот квартал од следната година очекуваме да тргне првиот извоз за Русија.

 

Денар: Дали наскоро ќе се обидете да ги пласирате вашите производи на некој нов пазар, кон кој одамна целите?

Наш следен таргет се пазарите на земјите од Европската Унија.

 

Денар: Господине Панделески каде црпите инспирација, што е тоа што ве мотивира за успешно да работите?

Најголемата мотивацијата и извор на инспирација наоѓам во моето семејството.

Исто така ме инспирира моментот што создаваме финални производи во Македонија, а притоа користиме 100% наша домашна суровина.

Имаме долгорочен партнерски однос со фармери од скоро сите региони на државата. Постојано вложуваме во нивна едукација со цел истите да произведуваат млеко кое квалитативно се приближува до европските стандарди.

Мислам дека потрошувачите последните години се повеќе стануваат свесни за фактот дека треба да консумираат што повеќе домашни производи и дека полека се надминува мислењето кое што порано владееше дека се што е странско е подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП