25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалено производството на какао во Венецуела

Намалено производството на какао во Венецуела

venecuelakakao1

Глобалната продажба на чоколадо е во подем, но не добиваат сите ист залак. Одгледувачите на какао од Венецуела се почесто остануваат со празни џебови, иако некогаш беа познати како најголеми и најдобри производители на какао.

Пред четири години социјалистичката влада на Венецуела му ја одзема на Каи Розенберг фармата за какао. Од тогаш бројот на насади е намален, така што Розенберг вели дека во случај повторно тој да ја превземе, потребни би му биле неколку години за повторно да почне да произведува квалитетно какао.

Како што вели тој, причината за тоа се неквалификуваните работници, кои се донесени од страна на државата.

Производството на какао се намали во сите региони на Венецуела. Оваа година државата ќе произведе 14.000 тони, што е најмалата бројка која е забележана во последните 50 години. Во меѓувреме, глобалната продажба на чоколадо е во подем. Во 2011 година за прв пат е постигната продажба од 100 милијарди долари.

Меѓутоа не станува збор само за какаото. Целокупното земјоделство пропаѓа во земјата каде што доминира нафтата. Земјата која има најголеми резерви на нафта во светот, увезува 70 проценти храна за сопственото население.

Производителите на чоколади и понатака го ценат венецуелското какао како едно од најдобрите во светот, особено видот криољо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП