25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите Претприемач на годината за 2015-та

Доделени наградите Претприемач на годината за 2015-та

претприемацх-годината

Пет менаџери во категориите мали и микро претпријатија се добитници на признанието „Претприемач на годината ­ 2015“, беше објавено во петокот на манифестацијата што деветта година по ред ја организираат Сојузот на стопански комори, (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

Во категоријата мали претпријатија, првата награда им припадна на Томо Ѓоргиески и Петар Василески од компанијата „Ламинати Ком“ од Прилеп, додека втората на Дејан Трајчев од „Дени Милк“ од Кочани. Кај микро-претпријатија првата награда ја освои Ељмедин Адеми од „Скрин Медиа“, а втората Владимир Јосифовски од „Кала Плакат“.

Доделена, исто така, беше и специјалната награда од Министерството за економија, и тоа за наградата за најдобра жена претприемач којашто ѝ припадна на Анета Мустафоска од компанијата „Исиглас“.

„Малите и средните претпријатија се многу важни за генерирање економски раст и нови работни места. Владините мерки за континуирано подобрување на бизнис климата и реформите претставуваат реална поддршка за компаниите и македонската економија во целост за што зборуваат и резултатите од меѓународните рангирања“, рече министерот за економија Беким Незири пред доделувањето на наградите.

Министерот Незири притоа порача дека признанијата за најуспешните треба да претставуваат мотив и пример за сите претприемачи.

Како што истакна, пак, претседателката на ССК. Данела Арсовска, претприемништвото е начин на живот, избор, храброст, смелост секој сам да направи исчекор, нечекајќи помош од некој друг.

„Остануваме на определбата постојано да ги следиме иновациите и да обезбедуваме поддршка особено за малите претпријатија од кои многу успеаја да прераснат во средни, па дури и во големи“, рече Арсовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП