25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономиите во развој ги намалуваат резервите во евра

Економиите во развој ги намалуваат резервите во евра

euro11

Проблемите со кои во последно време се соочува еврото и истовременото јакнење на доларот доведоа до тоа, економиите во развој се повеќе да ја отфрлаат европската валута од нивните официјални девизни резерви.

Во текот на 2012 година централните банки во земјите во развој продале 45 милијарди евра и ги намалиле своите девизни резерви во евра за околу 8 проценти, покажуваат последните статистички податоци кои ги објави ММФ. Ова е последица од штетата која ја претрпе европската заедничка валута во претходните години во својата позиција во меѓународниот финансиски систем во обид да се натпреварува со амриканскиот долар.

Еврото во моментот сочинува 24 проценти од вкупните девизни резерви на економиите во развој, што е најниско ниво од 2002 година. Од друга страна, доларот завзема убедливи 60 проценти од нивните резерви, што покажува дека нивните монетарни власти, доларот го сметаат за повеќе стабилен и сигурен. Останатиот дел од девизните резерви кај овие држави се сочинети најчесто од австралискиот долар.

Сепак, повеќето во еврозоната и понатака го користат еврото во поголема мера од останатите валути во своите девизни резерви. Трговијата со обврзници од земјите на еврозоната повеќе не е ликвидна, поради загриженоста од кризата во Шпанија и Италија. „Европските финансиски пазари претрпеа остар удар и ќе им бидат потребни повеќе години да се вратат во нормала, со очекуван бавен раст и намалени каматни стапки“, оценува финансискиот аналитичар Едвин Труман. Еврото има прилика да поврати дел од својата сила и довербата од инвеститорите доколку ЕУ ја формира долго најавуваната фискална унија и единствен пазар на обврзници, додава тоj.

Американскиот долар доминира на светскиот финансиски пазар уште од 1944 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП