20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриза, сиромаштија ... а сепат ја сакаат еврозоната

Криза, сиромаштија … а сепат ја сакаат еврозоната

Greece Financial Crisis

Шеесет проценти од Грците сакаат да останат во еврозоната и се против враќањето на поранешната валута – драхмата, и покрај кризата и острите мерки за штедење.

Овие мерки пред четири години во Грција ги наметнаа земјите од еврозоната, ЕУ и ММФ, а грчкиот став кон ЕУ не го промени ни тоа што, помош од истите доверители со исти услови побара и Кипар.

Според истражувањето на агенцијата „Марк“, кое беше спроведено на илјада луѓе од Грција, 63,5 проценти се изјасниле дека сакаат да останат во еврозоната.

Спротивно на тоа, 29,8 проценти сакаат да се врати драхмата, а 6,7 проценти немаат одреден став за тоа.

Истражувањето беше спроведено меѓу 26 и 28 март, откако Собранието на Кипар го прифати спорното и скапо реструктуирање на банките по барање на еврозоната и ММФ, во замена за финансиска помош, со цел и банките и државата да избегнат банкрот.

Според друго истражување, кое го спроведе агенцијата „МРБ Елас“, 58,3 проценти се за Грција да остане во еврозоната, но со поинаква економска политика, а не само со строгите мерки за штедење.

Според ова истражување, 20,4 проценти од испитаниците се Грција да остане во еврозоната и да ги спроведе бараните мерки од ЕУ и ММФ бидејќи нема друго решение, додека 16,5 проценти сметаат дека Грција треба да ја напушти еврозоната.

„Европската унија треба да се реструктуира, на нова основа. Решението мора да се најде во рамките на ЕУ, но никој не знае дали ЕУ ќе постои ако ја промени својата политика“, изјави Панос Скулетис, портпарол на водечката опозициска партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП