23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУМАР: Словенечкиот БДП оваа година ќе падне за 1,9 проценти

УМАР: Словенечкиот БДП оваа година ќе падне за 1,9 проценти

slo1

Уредот за макроекономска анализа на словенечката влада (УМАР), објави во петокот, дека оваа година се очекува понатамошно намалување на економските активности и пад на БДП од 1,9 проценти и скромен економски опоравок во 2014 година, кога БДП би можел да порасне за 0,2 проценти.

Со тоа, УМАР ја корегираше проценката од својот есенски извештај, од септември минатата година, за падот на БДП во 2013 година од 1,4 проценти.

Падот на словенечкиот БДП минатата година изнесувал 2,3 проценти, што значи дека рецесијата ќе продолжи и оваа година. Според оценката на УМАР, оваа година во Словенија ќе се зголеми и бројот на невработени, како во приватниот, така и во јавниот сектор, додека пак, инфлацијата ќе остане стабилна. Според проценките со кои пред еден месец излезе Европската комисија, во Словенија оваа година може да се очекува пад на БДП од два проценти, а иста е проценката и за словенечката економска комора.

Словенечкиот статистички уред, објави дека, според првите проценки дефицитот на словенечките јавни инфлации, во минатата година стигнал до 1,315 милијарди евра, што е 3,7 проценти од БДП, и е значајно намален во однос на дефицитот од 6,4 проценти од БДП во 2011 година. Од друга страна, јавниот долг на Словенија, на крајот на 2012 година е зголемен на 19,189 милијарди евра, што е 54,1 процент од БДП, а ќе продолжи да расте и оваа година. Вкупниот приход на државата е намален во 2012 година за 0,4 проценти, а буџетските расходи за 5,7 проценти, што е главната причина поради која дефицитот е значајно намален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП